Екипата на Ливерпул освои само бод на гости кај Вест хем (2-2) во Лондон во 35. коло од англиската Премиерлига, со што „црвените“ драстично си ги намалија шансите во трката за титулата.
Боуен донесе водство за Вест Хем во 43. минута од средбата, по што Ливерпул погоди преку Робертсон за израмнување на стартот на второто полувреме.
Екипата на Јирген Клоп стигна до целосен пресврт по несреќниот автогол на „чеканите“, но потоа Антонио со глава го матира Алисон за конечни 2-2.
Ливерпул е на третата позиција со 75 освоени бодови, додека пред него е Манчестер сити со 76 бода од 33 одиграни средби и Арсенал со 77 бодови од 34 натпревари.