Жирона освои три бода на гостувањето кај Лас Палмас со победата од 2-0 во 33. коло од шпанската Ла Лига и се приближи кон пласман во Лигата на шампиони.
Лас Палмас имаше пенал во осмата минута, но Рамирез не го искористи, по што идентична сцена беше забележана во 26. минута, но овој пат на спротивната страна.
Алваро му го одбрани ударот на Довбик, но одбиената топка стигна до Лопез кој ја смести во мрежата на домаќинот.
Довбик беше на поправен испит во 57. минута, кога реализираше пенал за триумф од 2-0 на Жирона.
Жирона се наоѓа на втората позиција во Ла Лига со 71 освоен бод, односно 13 помалку од лидерот Реал Мадрид.