Стоперот на европскиот шампион Челзи по се изгледа ќе си замине ама не во Реал Мадрид туку Барселона. Ел Класико го натерало Антонио Ридигер, членот на Челзи и репрезентацијата на Германија да се предомисли и место на “Бернабеу“ сепак да замине на “Камп Ноу“. Денеска “испливале“ снимки од тајните разговори меѓу менаџерите на Ридигер и дел од раководството на каталонскиот гигант.
Инаку покрај Барса и Реал, за Ридигер заинтересирани се и Јувентус и ПСЖ. Од сите овие клубови понудата на Барселона била најмала, но сепак не се така мали шансите тој сепак да потпише за каталонците.