На патот до пласман на ново континентално натпреварување стојат: Португалија, Турција и Луксембург.

Во овој циклус за првпат ќе бидеме без Кирил Лазаров, по завршување на оваа сезона треба да стави крај на својата кариера, во составот ќе го нема и Филип Миркуловски, па двајцата ќе бидат само со една улога, а тоа е стручниот штаб. Првиот е селектор, додека вториот помошник.

ТЕРМИНИ ЗА КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕП

  • РУНДА 1: 12/13 Октомври 2022
  • РУНДА 2: 15/16 Октомври 2022
  • РУНДА 3: 8/9 Март 2023
  • РУНДА 4: 11/12 Март 2023
  • РУНДА 5: 26/27 Април 2023
  • РУНДА 6: 30 април 2023

СИТЕ ГРУПИ

Група 1: Португалија, Македонија, Турција, Луксембург.

Група 2: Норвешка, Србија, Словачка, Финска.

Група 3: Исланд,Чешка,  Израел, Естонија.

Група 4: Австрија, Украина, Романија, Ф.Острови.

Група 5: Хрватска, Холандија, Грција, Белгија.

Група 6: Унгарија, Швајцарија, Литванија, Грузија.

Група 7: Словенија, Црна Гора, БиХ, Косово.

Група 8: Франција, Полска, Летонија, Италија.

Првите две репрезентации од секоја група  и најдобрите три третопласирани селекции ќе обезбедат место на континенталното натпреварување кое ќе се игра во пет градови: Минхен, Берлин, Манхајм, Хановер, Келн и Диселдорф.

Шпанија, Германија, Данска и Шведска ќе им се приклучат на 20 селекции кои преку квалификации ќе обезбедат место на ЕП 2024.