Ливерпул не се шокира од примениот гол и само чекаше можност и ја дочека во 34. минута, кога Дарвин Нуњез изедначи на 1-1. Полувремето беше продолжено пет минути, па во последната од нив Арсенал, сепак, ја врати предноста по една контра во која Мартинели сега беше асистент, а Букајо Сака – стрелец.
Иако Арсенал почна со иницијатива и во вториот дел, Гомез кој го замени Арнолд беше поцрвст во одбраната, а Фирмино набргу го постигна голот за израмнување. Жота прекрасно го најде во 53. минута, а Бразилецот уште поубаво го совлада Рамсдејл.
Сепак, Арсенал не се помири со реми, продолжи да напаѓа, имаше повеќе шанси, сепак голот за конечни 3-2 не дојде од игра. Беше досуден пенал, по стартот на Алкантара врз Жесус, а Сака со вториот гол донесе триумф. Арсенал има 24 бода по девет кола, еден повеќе од Манчстер сити, а Ливерпул, кој нема триумф веќе три средби е десетти.