Тимот на Јуентус се подготвува за зимска офанзива кога станува збор за Душан Влаховиќ. Србинот е екстра во дресот на Фиорентина, и засега одбива да потпише нов договор вреден 4 милиони евра по сезона. Тоа Јуве планира да го искористи и за сума од околу 60 милиони да го купу напаѓачот.

Од друга страна пак, тие 60 милиони во овој корона период не е едноставно да се соберат, па затоа управата на клубот планира да ги собере на начин што ќе го продаде Дејан Кулушевски.

Швеѓанецот со македонскот потекло не ги исполни очекувањата во Торино, откако беше доведен од Аталанта за 35 милиони евра, и сега се чека само добра понуда за него.