Левиот бек доаѓа од тимот на ГРК Охрид, каде што ги мина последните две сезони.
„Среќен сум што потпишав за Бутел, клуб со високи амбиции поради што лесно беше да одлучам. Со повеќето играчи имам играно и добро се познавам, се надевам дека ќе ги исполнам очекувањата на клубот и дека ќе имаме успешна сезона“, вели Манасков.
Бутел, претходно, ги продолжи договорите со Стефан Стојчевиќ, Владимир Јевтиќ и Томче Стојановски, како и со тренерот Кристијан Грчевски, а покрај Манасков, нови ракометари се средниот бек Стефан Крстевски и десниот бек Филип Николов