Елмас тргна како резерва, но влезе во 35-та минута на местото на Пјотр Зиелински, а во 73-та го даде вториот гол за Наполи. Веднаш по натпреварот изјави:
„Среќен сум за голот, но над се за победата. Ова беше тежок меч, но Спалети ми влева многу голема самодоверба. Јас сум тука трета година и сакам да покажам многу повеќе. Ќе видиме како ќе оди, но овој тим има фудбалери кои станаа европски шампиони летово, а јас сакам да играм и да покажам дека вредам. Се надевам дека ќе играм многу повеќе“, вели Елмас.
„Инсиње и Лозано се два фудбалери, кои се многу важни и јас сум пресреќен што сум со нив. Посебно Инсиње, сите знаат каков фудбалер е, вистински капитен и лидер“, додаде Елмас.