Њукасл го потврди трансферот на Сандро Тонали од Милан кој од пред некое време беше договорен, но сега се завршени сите формалности и тој е официјализиран.
Сандро Тонали од Милан се пресели во Њукасл за рекорден трансфер, тој е најскапиот италијански фудбалер.
„Со задоволство можеме да информираме дека потпишавме со Сандро Тонали од Милан“, стои во соопштението на Њукасл.
Договорот е вреден 70 милиони евра вклучително и бонуси, а Милан ќе има и 10 проценти од следната продажба.
Доколку се остварат бонусите тоа ќе биде и рекордна продажба на Милан, претходниот рекорд го држеше Кака кој замина во Реал Мадрид за 67 милиони евра.
Тоа е и 5та рекордна продажба од Серија А по Лукаку, Погба, Игуаин и Зидан.
https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1675821832908288000?s=20