Младите фудбалери на Украина ја елиминираа фаворизираната Франција од Европското првенство за фудбалери до 21 година. Украинците славеа со 3-1 и се пласираа во полуфиналето каде ќе се сретнат со Шпанија.
Првите два гола на Украина ги креираа Михајло Мудрик и Георги Судаков. Најпрвин Мудрик изнуди пенал кој го реализираше Судаков, а потоа ѕвездата на Челзи имаше феноменална асистенција за голот на Судаков.
Голот со магичната асистенција на Мудрик по кој Украинците поведоа со 2-1, погледнете го ТУКА.
Во финишот имаше драма. Французите дадоа гол за 2-2 во 81-ва минута, но по консултација со ВАР собата, голот беше поништен, а пет минути подоцна капитенот Бондаренко даде убав гол со кој ја круниса акцијата со Назаренко.