Пари Сен Жермен е подготвен да плати 30 милиони евра за 16-годишното фудбалско чудо Ендрик од Палмеирас, пишува бразилскиот „УОЛ Еспорте“. ПСЖ веќе подолго време се распрашува за младиот напаѓач и сака што поскоро да ги осигура неговите услуги.
Ендрик може да пристигне во Европа само кога ќе биде полнолетен, однсоно во јули 2024 година. Сепак, ПСЖ сака многу порано да ги „резервира“ неговите услуги.
Летово со шест гола во седум настапи Ендрик го предводеше тимот на Палмеирас до 20 години до титулата победник на државниот куп Сао Паоло, а за него се заинтересирани голем број европски гиганти, како што беше случајот со Нејмар, Винисиус Жуниор и со Родриго пред него.
Ендрик го бара и Реал Мадрид, а Палмеирас на неговиот договор стави излезна клаузула од 60 милиони евра.