Неверојатно луд натпревар одиграа екипите на Њукасл и Вест Хем во 30. коло од Премиерлигата, а победата му припадна на домашниот тим со 4-3.
Шведскиот напаѓач Исак по само шест минути ја погоди мрежата на гостите од Лондон за водство од 1-0, но потоа Антонио и Кудуз беа стрелци за целосен пресврт.
Вест Хем зголеми и на 3-1 преку Боуен, по што до 77. минута беше во одлична позиција да оствари победа, меѓутоа Њукасл се разбуди во финишот и постигна дури три гола.
Исак од пенал погоди за 2-3, а потоа Барнс двапати по ред беше стрелец за тотален пресврт пресврт на Њукасл и водство од 4-3.
Њукасл со оваа победа се искачи на осмата позиција и има 43 бодови, додека Вест Хем остана на седмото место со еден бод повеќе.