Италијанскиот тенисер, Јаник Синер се пласира во финалето на Мастерсот во Мајами, совладувајќи го за само 71 минута, бранителот на титулата Данил Медведев со 2-0.
Рускиот тенисер освои само три гема (1-6, 2-6) и беше буквално прегазен од противникот кој уште еднаш докажа дека во моментов е најдобар во светот. На истекот на третиот месец од годината, Синер има само еден пораз и тоа од Алкараз во финалето од Мастерсот во Индијан Велс пред две недели.
Италијанскиот ас го отвори дуелот со два брејка и водство од 5-0, Медведев дури потоа го освои првиот гем, а во меѓувреме не искористи две брејк-топки со кои можеби можеше да го одведе натпреварот во друга насока. Слично беше во вториот сет во кој Синер веднаш направи брејк, потоа освои уште три гема во серија за водство од 5-1. Медведев привремено си ја одложи егзекуцијата, но на свој сервис, Синер не дозволи изненадување и го приведе мечот кон крај.
Во пресметката за титулата, тој ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Зверев и Димитров.