Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз со 3-1 во сетови го совлада Томи Пол и се пласира во полуфинале на Вимблдон каде ќе игра против Данил Медведев.

Американскиот тенисер одлично стартуваше во дуелот, го доби првиот сет со 7-5 и поведе со 1-0. Пол почна добро и во вториот сет,направи брејк за водство од 2-0, но тогаш почна да се буди Алкараз, направи ри-брејк и заигра на своето ниво.

Третиот и четвртиот сет беа одиграни поубедливо од страна на Алкараз. Шпанецот со три одземени гема на противнички сервис со 6-2 успеа да поведе. Со слично темпо фаворитот го одигра и четвртиот сет, па одново со 6-2 го затвори мечот во своја корист.

https://twitter.com/i/status/1810735035953090909

Во полуфиналето Алкараз оди на мегдан со Медведев кој го доби маратонот против првиот светски рекет Синер со 3-2 во сетови.

Утре на програмата се двете преостанати четвртфинални двојки Мусети – Фриц и Ѓоковиќ Де Минор.