Фудбалската селекција на Шпанија е првиот финалист на Европското првенство во Германија. „Црвената фурија“ одигра уште еден перфектен натпревар и со пресврт ја совлада моќната Франција со 2-1 .

Фудбалскиот бисер на Барселона Ламин Јамал стана најмладиот стрелец на големите натпреварувања.

Шпанците тргнаа офанзивно, но Франција дојде во водство и го отвори резултатот. Во 9-та минута по асистенција од Мбапе, нафрлената топка Коло Муани со глава ја смести во мрежата на Симон. Тоа беше и првиот гол на Французите од игра на ова Европско првенство.

 

Радоста на француските навивачи не траеше долго а Шпанија направи блиц-криг иза неколку минути го нокаутира противникот. Во 21. минута Ламин Јамал постигна спектакуларен гол за израмнување на 1-1. Со овој гол тој стана најмладиот фудбалер кој постигнал гол на Европските првенства, но и воопшто на големите турнири.

 

Само четири минути подоцна Дани Олмо со помош на Кунде погоди за комплетен пресврт и водство на Шпанија од 2-1, што беше и конечен резултат на мечот.

 

До крајот имаше да се игра уште повеќе од еден час, но Франција не успеа да го најде патот до мрежата на Симон, па мораше да се помири со поразот.

Во вториот дел, Франција наметна свое темпо на игра и за краток период испрати две закани кон шпанскиот гол, но Унаи Симон покажа за каков калибар од голман станува збор. Првата шанса ја имаше Чуамени со глава, додека нешто подоцна неуспешен обид имаше и Мбапе. Шпанскиот голман беше ставен на маки и во 60. минута, кога шутираше Дембеле од тешка позиција, но чуварот на мрежата на Атлетик Билбао одново излезе како победник и го сочува водството на својата селекција.

Шпанија во финалето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Англија и Холандија кои играат во среда.