Аргентина стигна до финале на Светското првенство, нацијата е во екстаза и транс, ама Аргентинците знаат од сè да направат бизнис, па и од епскиот бес на Лео Меси против Холандија во микс-зоната.
Нападот кон Веиг Вегхорст во „третото полувреме“ од бурната тричасовна епска пресметка, заврши со пцовки, навреди, а меѓу главните беше Меси, кој пред да даде изјава му се нафрли на Веигхорст со зборовите „што гледаш бе глупаку!“.
Од таа фраза, сега Аргентинците дебело заработуваат пари, зашто како алва се продаваат маички, капчиња и сувенири од зборовите на најголемиот аргентински фудбалер на денешницата.
Една маичка чини 16 долари, а капчињата по 22 долари. И во големата социоекономска криза која ја тресе Аргентина со рецесијата и незапирливата инфлација, не се штедат пари за вакво нешто.