Бекот на Феникс санс, Девин Букер, постигна дури 58 поени во победата на неговиот тим над Њу Орлеанс пеликанс од 118-114, и стана шестиот најмлад играч во историјата на НБА кој стигнал до бројка од 12.000 поени.

Помлади од него до 12 илјади поени во НБА стигнале само легендите Леброн Џејмс, Дурант, Коби Брајант, Кармело Ентони и Мекгрејди. Букер постави и клупски рекорд, стана прв член на Сонцата кој петпати давал 50 или повеќе поени.

Пеликаните имаа предност од 24 поени разлика во третата четвртина, но тогаш домашните направија серија од 25-6, а во последната четвртина го докомплетираа пресвртот.

Утрово се играше еден меч и во Мексико сити, Мајами го победи Сан Антонио.

Демиен Лилард од Портланд стана осми тројкаш во историјата на НБА. Тој има 2.222 тројки, 60 помалку од седмиот Џејсон Тери, а 1.026 помалку од лидерот Стеф Кари кој уште е активен и само ќе го зголемува водството на вечната листа.

Ова е тројката со која Лилард изби на осмо место на сите времиња во НБА: