Кошаркарската репрезентација на Македонија се искачи на подиумот и го освои пехарот на Европското првенство Б-дивизија кое се одржа во Скопје. Во изминатите десет дена, нашата земја беше домаќин на вкупно 22 репрезентации, а нашите кошаркари беа најдобри со дури сите седум и тоа убедливи победи над своите противници.
Јуниорите дојдоа до финалето и ја победија Австрија. На радоста на кошаркарите ѝ немаше крај, а во чест на успехот се интонираше химната „Денес над Македонија“ во СЦ „Борис Трајковски“ која кошаркарите гордо ја испеаја во еден глас.
До првото место, јуниорите на Македонија дојдоа со победи над Австрија, Бугарија, Португалија во нокаут-рундата, како и над Ирска, Кипар, БиХ, Украина и Чешка во групната фаза.