Ноа Лајлс како актуелен светски шампион пристигна на Олимписките игри во Париз, и успеа да го одбрани приматот на најбрз човек во светот.
Американскиот атлетичар имаше сериозен предизвик во Јамајканецот Кишан Томпсон кој за многумина беше и фаворит за злато, но на крајот во неверојатен фото финиш победа му припадна на Лајлс.
Двајцата спринтери ја завршија најкратката делница со исто време (9.79 секунди), но илјадитите делови од секундата беа на страна на Американецот и со мало задоцнување тој беше прогласен за нов олимписки шампион.
Лајлс кој инаку е специјалист на делницата од 200 метри за првпат во кариерата освои златен медал на Олимписки игри, но сега сигурно ќе брка ново злато и на омилената дистанца.
Јамајканецот Томпсон не го криеше разочарувањето од конечниот епилог и на крајот мораше да се задоволи со сребро, додека бронзата во финалето на 100 метри му припадна на Американецот Фред Кирли.