Европската куќа на кошарката ФИБА по крајот на Европското првенство Б-дивизија во Скопје ги прогласи најдобрите кошаркари.
Двајца доаѓаат од Македонија, тоа се извонредниот Никола Јаничиќ и центарот Марко Луканоски, додека уште двајца има од финалистот Австрија, како и еден кошаркар од Бугарија.
Бугарија – Александар Гавалјугов
Австрија – Имран Суљановиќ
Македонија – Никола Јаничиќ
Македонија – Марко Луканоски
Австрија – Фин Шот
За МВП на турнирот во Скопје е прогласен капитенот на Македонија, Никола Јаничиќ.
Тој беше наш најдобар кошаркар на првенството и втор стрелец вкупно на шампионатот, а блесна во големото финале во кое постигна 30 поени, имаше 5 скока, 4 асистенции и 4 украдени топки за индекс 31. На тој начин, Јаничиќ, кој од лани е во САД, уште еднаш потврди дека е светла иднина на македонската кошарка.