Чудесни потези има на европските кошаркарски терени. Пред неколку дена центарот на Фенербахче, Јоргос Папајанис постигна неверојатен кош за турскиот Фенербхаче против Бахчешехир во турскиот шампионат, тројка со која го спаси својот тим од пораз за да потоа фаворитот и слави по дополнителните минути.
Сега една слична мајсторија ни дојде од ФИБА Европа Купот и тоа од дуелот меѓу Лејден и Варезе каде Лук Ван Бре даде тројка буквално од кош на кош.
Откако гостинските кошаркари не го реализираа својот напад, топката ја прифатија домаќините, поточно истата стигна до Лук кој со едната рака ја фрли преку теренот и успеа да ја „искине“ мрежичката со звукот на сирената за ерупција на трибините.
https://twitter.com/i/status/1752782327942434820