Фудбалерот кој денеска полни 18 години, а важи за најголем талент во шведскиот фудбал, пред два дена ветуваше дека ќе потпише со Барселона, истото го направил и неговиот клуб, но во меѓувреме работите драстично се промениле. Според информациите од Шпанија, Бергвал и Ѓургарден на крајот го одбрале Тотенхем кој понудил десет милиони евра повеќе од Барса (вкупно 17 милиони) и го обезбедил потписот на тинејџерот.
Ова е уште еден голем неуспех за каталонската гордост Барселона, која има кошмарна сезона на сите полиња. На четири месеци пред нејзиниот крај, неизвесно е и дали екипата ќе обезбеди пласман во Лигата на шампионите затоа што девет фудбалери во моментов се повредени, а тимот е на четвртата позиција на табелата во Ла Лига.