Тренерот на Рома, Жозе Мурињо ќе се обиде што побрзо да го заборави вечерашното дерби против Јувентус, откако неговиот тим беше поразен само вторпат во кариерата, а претходно да има два гола предност.
Рома беше поразена на „Олимпико“ од Јувентус со 4:3, а на половина час пред крајот на натпреварот водеше со 3:1.
Јасно е дека тоа ретко му се случува на Мурињо, кој во претходните сезони беше сенка на познатиот тренер од времето кога ги водеше Челзи, Интер и Реал Мадрид, но не му е прв пат.
Првиот пех го имаше во Челзи на почетокот на 2015 година, кога неговиот тим водеше со 2:0, а на крајот беше поразен со 4:2.
На крајот на таа година, по втор пат во кариерата, беше отстранет од лондонскиот клуб и се чини дека никогаш не се врати во познатиот сјај.
Коментирајќи го поразот од Јувентус, Мурињо истакна дека тоа е момент на психолошки пад.
„Го контролиравме натпреварот 70 минути. Тимот одигра многу добро и покажа менталитет да ја контролира играта. Имаше психолошки пад. 3:2 не уби, бидејќи Феликс Афена Џан имаше извонреден натпревар крунисан со спринтот против Квадрадо. Јас го извадив а замената испадна лоша“, изјави Мурињо по натпреварот.
Тој покажа со прст кон некои играчи дека немаат карактер.
„Веќе им кажав на играчите. Ако натпреварот траеше 70 минути, ќе беше извонреден натпревар. За жал, тогаш не заврши“, истакна Мурињо, наведувајќи дека во соблекувалната има „прекрасни“ играчи , но психички многу слаби.
Тој додаде дека сака да ги помине сите три години од договорот во Рома, ниту еден ден помалку, и да го направи тимот психички посилен и апелираше до играчите да излезат од комфорната зона.