Екипата на Лацио ја постигна својата седма победа во Серија А оваа сезона со 2-1 над Калјари на „Олимпико“. Гостинската екипа го заврши натпреварот со деветмина играчи, откако во второто полувреме црвени картони добија Јери Мина и Мичел Адопо.
Лацио го отвори резултатот преку Булаје Диа, кој постигна гол во втората минута. Калјари успеа да израмни со голот на Зито Лувумбо пред крајот на првото полувреме.
Сепак, Лацио не дозволи да испушти бодови на својот терен. Матија Закањи го постигна победничкиот гол, реализирајќи пенал во 75. минута, со што го обезбеди триумфот за својата екипа.