Џенова триумфираше со 1-0 на гостувањето против екипата на Парма, додека Емполи славеше со 1-0 против Комо во рамки на 11. коло од Серија А.

Фудбалерите на Џенова доминираа во текот на целиот натпревар и имаа дури седум удари во рамките на голот на противникот, додека до единствениот гол стигнаа во 80. минута кога Пинамонти беше прецизен.

Комо ја продолжи лошата серија и веќе пет меча по ред не знае за триумф во калчо лигата, иако играше добро во првото полувреме против Емполи.

Пелегри, сепак, ги разочара гостите со неговиот погодок во 47. минута, по што Емполи имаше и други шанси за зголемување на водството, меѓутоа мрежите мируваа до крајот на мечот.