Претседателот на Ливерпул Том Вернер побара извинување од француската влада после оценката дека навивачите на англискиот клуб се единствените виновни за доцнењето на финалето на Лигата на шампионите во Париз.
Саботното финале помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул (1:0) доцнеше 35 минути, а француските власти соопштија дека одговорни се навивачите на Ливерпул со фалсификувани билети.
Француската министерка за спорт Амели Удеа-Кастера во понеделникот го обвини Ливерпул дека ги остави своите навивачи без надзор, за разлика од шпанскиот клуб.
Вернер испрати писмо до министерот во кое изрази „неверување“ за недокажаните наводи, пред Европската фудбалска унија (УЕФА) да отвори независна истрага.
„Вашите коментари се неодговорни, непрофесионални и апсолутно непочитување кон илјадници емоционално повредени навивачи“, рече шефот на „црвените“, кој исто така ја осуди стратегијата да се обвинуваат навивачите.
„Во име на сите навивачи кои го доживеаја кошмарот, се извинувам и потврдувам дека француските власти и УЕФА ќе дозволат независна и транспарентна истрага.