Чави побарал дури осум нови засилувања, а дел од нив веќе се обезбедени. Поранешниот играч за врска ги сакаше бековите Цезар Аспиликуета и Маркос Алонсо, на кои им истекоа договорите со Челзи, како и нивниот соиграч Андреас Кристенсен, за кој се вели дека веќе постигнал договор со клубот, како и уште еден централен дефанзивец во зависност од состојбата на Жерар Пике.
Во средниот ред Франк Кеси од Милан веќе се договорил со каталонците, а Чави сака да направи се што е потребно за да му се придружи и Рубен Невеш од Вулверхемптон. Во нападот се надева на Роберт Левандовски кој јасно стави до знаење дека нема намера да остане во Баерн Минхен, но и на одличниот Рафиња од Лидс Јунајтед.
Не помалку промени се очекуваат и при заминувањата…Нето, Самуел Умтити, Оскар Мингеза, Клемен Ленгле, Рики Пуиг и Мартин Брајтвајт ќе бараат нови тимови, а Адама Траоре и Лук де Јонг ќе се вратат во своите тимови откако ја поминаа втората половина од сезоната на позајмица на „Камп Ноу“.
Меѓу потенцијалните заминувања се вбројуваат и Френки де Јонг, Мемфис Депај и Сержињо Дест, но тоа ќе се случи само со добри понуди за сума која ќе ја задоволи Барселона.