Бразилецот Робертo Фирмино би можел да ја продолжи кариерата на Камп Ноу, медиумите од Шпанија пренесуваат дека Чави му бил голем фан и побарал да биде донесен во Барселона.
Барселона пред неколку години од Ливерпул го купи Филипе Кутињо за рекордни 120+40 милиони евра, а „црвените“ со специјална клаузула се погрижија „каталонците“ некое време да не пазарат на Енфилд.
Но клубот од Камп Ноу сега мерка нов фудбалер на Ливерпул, во емисијата „Ел Чирингито“ беше објавено дека Роберто Фирмино е на радарот на Барса.
Се говори дека Чави бил голем фан на играта на Бразилецот и го гледа како идеално засилување за нападот.
Сепак, има неколку услови за реализирање на зделката. Барса сака да го ангажира Роберто Фирмино без пари, односно како слободен играч откако ќе му заврши договорот со Ливерпул на 30. јуни.
Бразилецот исто така ќе треба да прифати плата во склоп со новата политика на „каталонците“, и ќе треба да се помири дека ќе биде втора виолина во нападот, односно замена на Роберт Левандовски.