Голгетерот на Барса, Полјакот Роберт Левандовски ќе мора да паузира три натпревари на Барселона откако денеска беше одбиена жалбата што клубот ја поднесе и до Спортскиот арбитражен суд во Мадрид. Со поднесувањето на жалбата беше добиено одложување на казната, па Левандовски настапи на првиот годинашен натпревар против Еспањол што Барселона го ремизираше (1-1).
Сега Барселона ќе го нема напаѓачот на располагање до крајот на месец јануари.