Тинејџерската ѕвезда на Барселона и на шпанскиот фудбал, Ламин Јамал поради повреда ќе ги пропушти натпреварите на репрезентацијата на Шпанија во квалификациите за Европското првенство.
Федерацијата соопшти дека тестовите утврдиле дека 16-годишниот Јамал нема да може да игра против Шкотска во четврток и против Норвешка во недела.
Тој беше заменет во второто полувреме на натпреварот против Гранада во неделата, а каталонскиот клуб соопшти дека се здобил со повреда на колк.
Ламин Јамал стана најмладиот фудбалер кој заиграл за Шпанија.