Искусниот бразилски фудбалер Дани Алвеш нема да биде пријавен за продолжението од натпреварувањето во Лига Европа, одлучи Барселона.
Каталонскиот клуб избра тројца од четирите нови играчи за продолжување на натпреварувањето, а изборот падна на најновите.
Тоа значи дека тренерот Чави Ернандез на располагање ќе ги има Феран Торес, Адама Траоре и Пјер-Емерик Обамејанг.
Барселона овој месец ја чека тешка задача во 1/16 финалето од Лигата на Европа против Наполи, а победникот од овој меч има големи шанси да стигне до крајот на ова натпреварување.
Кон средината на ноември, на инсистирање на поранешниот играч Чави, кој претходно беше назначен за тренер, Алвеш се врати на „Камп Ноу“ и досега одигра четири натпревари.