Арсенал, лидерот во Премиер лига полека влегува во криза откако втор меч по ред не успеа да победи. Вечерва на „Емирати“, Брентфорд и покрај водството на „топчиите“ успеа да освои бод со ремито 1-1, па Манчестер сити повторно добива шанса да се приближи во трката за титулата.
Иван Тонеј ги шокира топчиите со голот по корнер во 74-та минута од мечот, откако Арсенал поведе преку зимското засилување од Брајтон, Леандро Тросар. Арсенал не успеа да ја зачува предноста и да избега на плус осум пред Манчестер Сити, па сега „топчиите“ имаат плус шест по 21 одигран меч.
Арсенал во минатото коло киксираше кај Евертон со пораз од 0-1, а сега втор меч по ред на успева да победи, нешто што им се немаше случено во првиот дел од сезонава. Арсенал сега има 51 бод, Сити е на 45, а Брентфорд со бодот дојде до 34 на осмото место и за нив ова беше десетти нерешен меч сезонава во англиската елита.
Вистински дебакл доживеа Тотенхм и тоа после една недела откако го урнаа актуелниот шампион Манчестер сити, па Лестер ги торпедира во триумфот со 4-1, и многу значајни бодови за „лисиците“ во трката за опстанокот.
Иако преку Бентакур по 14 минути Тотенхем поведе, лондончани до полувреме го загубија мечот, откако Менди и Медисон дадоа два гола во две минути за пресврт од 23-та до 25-та, а Ихеначо во 45+4-та минута даде и трет гол за да ја осигура победата.
Барнс девет минути пред крајот стави печат, откако ВАР во 70-та му поништи гол поради офсајд.
Тотенхем остана на 39 бода на петтото место, но сега со два меча повеќе и бод помалку од четвртиот Њукасл во трката за ЛШ, а Лестер со 24 бода дојде до 13-та позиција, плус шест од Евертон, кој е прв во опасната зона.
Кристал Палас и Брајтон ремизираа 1-1, Вулверхемптон со 2-1 славеше кај Саутемптон, а Фулам со 2-0 против Борнмут.