Корејскиот репрезентативец Сон Хеунг Мин е централната личност на почетокот од дербито меѓу Манчестер Сити и Тотенхем.
По десетина минути игра, на семафорот стоеше 1-1, а стрелец на двата гола беше токму напаѓачот на Спарс. Резултатот го отвори во шестата минута по еден одличен контранапад, но само три минути подоцна, несреќно реагираше во својот шеснаесетник и израмни со тоа што ја затресе својата мрежа.
Нешто подоцна, стопроцентна шанса имаше и најдобриот стрелец во Премиер лигата, Ерлинг Халанд, но неговиот удар од 7-8 метри заврши покрај голот.