Астон вила ја врза втората победа по ред откако славеше со 2-1 против Брајтон, а херој на гостите од Бирмингем беше искусниот напаѓач Дени Ингс.

Мек Алистер уште во првата минута ги шокираше гостите со гол за 1-0, но фудбалерите на Астон вила успеаа да се соземат и преку Ингс од пенал израмнија на 1-1 во 20. минута.

Натпреварот продолжи со надмудрување на двете страни, без многу шанси, но сепак една од нив искористи Ингс на стартот на вториот дел и погоди за 2-1.

Брајтон по поразот остана на седмата позиција со 21 бод, додека Астон вила е на 12. место со 18 бодови.