Лионел Меси ја освои рекордната седма Златна топка на во изборот на Франс Фудбал. Сега има два повеќе од Кристијано Роналдо.
Напаѓачот на ПСЖ му честиташе на главниот ривал Роберт Левандовски, за кој се веруваше дека ќе може да триумфира оваа година.
„Чест е да се натпреварувам со тебе, Роберт. Мислам дека ја заслужи наградата минатата година“, рече Аргентинецот и им се заблагодари на сите и додаде:
„Не знам уште колку години ќе играм. Се надевам дека ќе има уште многу затоа што се уште ми е забавно“.