Екипата на Валенсија денес загуби на пријателски натпревар со 2-1 на Иланд Роунд кај Лидс, а македонскиот голман Димитриевски беше на голот на шпанскиот клуб.
Голот за 2-0 на Лидс беше посебна приказна. Жоржинио Рутер по една фантастична соло акција го лобуваше нашиот Димитриевски, а македонскиот голман ништо не можеше да направи против оваа мајсторија.