Шампионот Милан освои три бода на дуелот против Лече (2-0) во 31. коло од Серија А и така остана во трката за пласман во топ-4 и место во Лигата на шампиони за идната сезона.
Португалскиот репрезентативец Рафаел Леао беше фудбалер на одлука, кој ги израдува „росонерите“ со два гола. Тој постигна гол за водство на Милан во 40. минута, по што победата ја потврди во 75. минута од натпреварот.
„Росонерите“ со новиот триумф стигнаа до 56 бодови, колку што има и четвртопласираната Рома, додека пред нив е Јувентус со 59 бода.