Фудбалерите на Македонија У- 21 ќе бидат во четвртиот „шешир“ на ждрепката за квалификациските групи за ЕП 2025 што ќе се одржи во Словачка.
Македонија е рангирана на 32 место па е сместена во четвртиот „шешир“, заедно со селекциите на БиХ, Бугарија, Унгарија, Турција, Велс, Белорусија, С.Ирска и Албанија што значи дека нашите момци нема да играат со овие селекции.
Шпанија е во првиот „шешир“ заедно со Португалија, Германија, Франција, Холандија, Англија, Данска, Италија и Романија.
Хрватска е во вториот „шешир“ со Швајцарија, Белгија, Чешка, Полска, Украина, Шведска, Австрија и Р.Ирска.
Ждрепката за квалификациските групи ќе се одржи на 2 февруари во Нион, Швајцарија. На ЕУРО шампионатот Словачка оди директно како домаќин, а преку квалификации ќе се патуваат 15 селекции.