Во Премиер лигата на Азербејџан, во рамките на 20 коло, екипата на Сумгајт го совлада Туран со 2:1.
Серијата на погодоци ја отвори македонскиот репрезентативец Тодор Тодоровски во 28 минута. Десниот бек, поранешен играч на Вардар и на Металург постигна маестрален гол. Тој, од позиција на десно крило се спремаше да нафрли, меѓутоа топката ги прелета сите играчи во противничкиот шеснаесетник, го изненади и голманот и заврши во мрежата.
Победничкиот гол за победа го постигна Абубакар.
Голот може да го погледнете на 1.58 од видеото.