Лидерот во германската кој е непобедлив во Бундес лигата, Баер Леверкузен избегна пораз на незгодното гостување во Азербејџан кај Карабах и во судиското надополнување се извлече со реми (2-2). Домаќинот во Баку има за што да жали, бидејќи на полувреме имаше предност од два гола откако голови постигнаа Бензиа и Жунињо. Сепак, „фармацевтите“ преку Флориан Вирц и Патрик Шик кој беше стрелец во судиското надополнување дојдоа до нерешен резултат.
Рома и Ливерпул веќе можат да размислуваат за четвртфиналето од Лигата Европа бидејќи вечерва остварија убедливи победи.
Рома го растури Брајтон со 4-0 на домашен терен со головите на Дибала, Лукаку, Манчини и Кристанте, а Ливерпул славеше со 5-1 на гости кај Спарта по погодоците на Мекалистер, два на Нуњез, Диаз и Собослаи.