Рома го демолира Брајтон на „Олимпико“ со 4-0 во првиот осминафинален натпревар од Лигата на Европа. Пауло Дибала го отвори резултатот во 13.минута, а Ромелу Лукаку пред одморот зголеми на 2-0 после голема грешка на последниот дефанзивец на Брајтон. Третиот гол беше дело на Манцини во 64.минута, а набрзо потоа погоди и Кристанте за убедлив триумф на римската „волчица“.
Ливерпул исто така беше супериорен на гости против Спарта во Прага и триумфираше со 1-5. Дарвин Нуњез постигна два гола, а во листата на стрелците се запишаа и Мекалистер од пенал, Луис Дијаз и Доминик Шобошлаи. Голот за Спарта Прага всушност беше автогол на Конор Бредли.