Динамо Загреб го победи ПАОК со 2-0 на „Максимир“ во првиот дуел од плеј-офот во Конференциската лига. Стефан Ристовски беше стартер за хрватскиот шампион, а херој на загрепчани беше Бруно Петковиќ, кој ги постигна двата гола.

Тој донесе водство за Динамо во 37. минута, а потоа постигна и втор гол во 70.минута.

Шампионот на Хрватска, со Стефан Ристовски си обезбеди солидна предност за реваншот во Грција.

 

Фенербахче имаше одличен настап во Белгија кај Ројал Унион и славеше со убедливи 0-3. Бачуаи, Остерволде и Тадиќ од пенал погодија за турскиот тим.

Натпреварот меѓу Сервет и Плзен заврши без голови.

Највозбудливо беше во Будимпешта, каде екипите на Макаби Хаифа и Фиорентина одиграа натпревар со седум постигнати гола, а на крај славеше италијанскиот тим со 3-4. Калчолигашот по само две минути игра го отвори резултатот и поведе со 0-1, но во финишот од полувремето Макаби направи пресврт и со головите на Сек и Кинда се избори за 2-1. Само што започна вториот дел Белтран израмни на 2-2, но неколку минути подоцна Калали ја врати домашната предност (3-2). Сепак, во финалната фаза од натпреварот квалитетот на Фиорентина дојде до израз и со головите на Мандрагора и Барак италијанскиот тим триумфираше за голема победа од 3-4.