Екипата на Баерн Минхен издвојува важна победа над РБ Лајпциг од 2-1 во дерби средбата од 23. коло во Премиер лигата.
На „баварците“ им беше повеќе од потребен овој триумф после двата порази од Бохум и Баер Леверкузен, а до истиот стигнаа на драматичен начин со голот на Кејн дури во судиското продолжение.
Англискиот репрезентативец се најде на вистинското место во 91 минута и со својот втор гол на средбата донесе три бода за домашниот состав.
Инаку Кејн првиот гол го постигна во 56 минута, а потоа словенецот Шешко го израмни резултатот во 70 минута.
Нашиот Елиф Елмас доби мала минутажа, влезе во 87 минута на местото на Симонс.
Баерн со 53 бода е на 2. место на табелата зад Баер Леверкузен кој има 61 поен.
Неверојатниот Хари Кејн, кој беше двоен стрелец стигна до бројката од 27 првенствени погодоци.