Селтик Глазгов го освои Купот на Шкотска откако во финалето на „Хемпден Парк“ го совлада Инвернес со 3-1. На овој начин „детелините“ стигнаа до рекордна осма тројна круна на домашната сцена.
Претходно во сезоната, тимот на Анге Постекоглу ја освои шампионската титула и Лига купот.
Селтик поведе во 38. минута со голот на Кјого Фурухаши. Јапонскиот интернационалец постигна гол по асистенција на Метју О’Рајли. Во средината на вториот дел, замената Лиел Абада зголеми на 2-0, но Инвернес возврати во 84. минута преку Даниел Мекеј. Сепак, Жота го потврди триумфот во судиското продолжение.
https://twitter.com/CelticFC/status/1665061898922999810?s=20