Францускиот голгетер Карим Бензема дефинитивно ќе го напушти шпанскиот гигант Реал Мадрид, а тоа го потврди и познатиот новинар Фабрицио Романо, кој засега не открива која ќе биде негова следна дестинација, иако сите очекуваат да се пресели во Саудиска Арабија.
Бензема наводно имал усмен договор со саудиски Ал-Итихад, кој му понуди 400 милиони евра, иако претходно се договори со Реал Мадрид, но милионите од С. Арабија му ги сменија плановите.
Претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез се обидуваше да го задржи Бензема, па дури му понудил и место во управниот одбор на клубот по завршување на кариерата, но очигледно тоа не било доволно за францускиот голгетер.