Манчестер Јунајтед и Евертон одиграа 1: 1 во 7. коло од Премиер лигата.

Домашните поведоа во 43 минута, со голот на французинот Мартиал. Јунајтед не одигра ништо посебно, се мачеше многу со играта и Евертон заслужено израмни во 65. минута.

Евертон преку Таунсенд, кој со прецизен удар го погоди и изедначи на 1: 1.

Евертон погоди за 2-1 во 85. минута, но ВАР го поништи поради милиметарски офсајд

https://twitter.com/RebekahWalsh/status/1444296407578447872?s=20

Така, Манчестер Јунајтед се сопна дома второ коло по ред. Тој загуби од Астон Вила во последното коло, а сега ремизираше со Евертон. Кристијано Роналдо натпреварот го започна на клупата, а во игра влезе во 57. минута наместо Кавани.