Лацио победи со 3: 1 во дербито на Серија А против Интер.

Во улога на главен негативец се најде навивач на Лацио кој дури беше снимен од камерата во моментот кога го навредуваше дефанзивецот на Интер, Дензел Дамфрис (25) на расна основа.

По тој повод, обожавателот симулираше „крик на мајмун“, а ова видео, очекувано, брзо ги запали социјалните мрежи и предизвика јавна осуда.
Се очекува навивачот да биде процесуиран наскоро, бидејќи тој е јасно снимен, па дури може и доживотно да биде отстранет од стадионите.

Да потсетиме, случаите на расизам станаа честа практика на натпреварите од италијанското првенство, па неодамна жртва беше и српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ.

ВИДЕО

https://twitter.com/i/status/1449545217267408899