Златан Ибрахимовиќ влезе синоќа во 77. минута и така се врати на теренот по долга пауза од повредата.
Тоа беше камбек на легендарниот Швеѓанец кој оваа сезона играше за „росонерите“само на 12 септември во победата против Лацио кога со својот гол ги постави конечните 2-0.
Влегувањето на Ибра во игра при резултат 2: 2 донесе одредена доза страв кај играчите на Верона, која се манифестираше само една минута подоцна.
Имено, Милан дојде до целосен пресврт во 78. минута, на начин што Кореј Гинтер реагираше несмасно и си постигна автогол. Голманот на Верона беше целосно беспомошен .
Таквиот исход, заедно со фактот дека повторно игра, го израдува Ибрахимовиќ, кој објави фотографија од себе и еден од дефанзивците на Верона на Твитер по натпреварот, со опис:
„Ти одиш, јас летам “