Легендарниот босански голман , Томислав Пиплица го постигна еден од најбизарните автоголови во фудбалската историја.
Автоголот, кој до ден денес е еден од најбизарните во светот на фудбалот, го постигна Пиплица на денешен ден, 6 април 2002 година, на натпреварот помеѓу Енерџи Котбус и Борусија Менхенгладбах.
Котбус беше на прагот на голема победа. Се играше 85. минута од натпреварот, домашните имаа предност од 3:2, но потоа Пиплица се погрижи за најпознатиот автогол досега.
Ударот на Марсел Витечек од Борусија беше блокиран, топката полета високо и сите очекуваа дека Томо лесно ќе ја зграпчи.
Сепак, следеше шок. Пиплица „се загуби“ за момент, остана закопан, топката го удри во глава и заврши во мрежата за 3:3 и влегување на босанскиот голман во историјата.
“Бев сигурен дека топката ќе помине преку гредата. Сепак, имаше налет на ветер и тој ја испушти топката кон голот. Ми падна на глава и се одби во голот. Бев изненаден”, прокоментира Пиплица.
Многумина овој автогол го сметаат за најбизарниот постигнат некогаш. Едноставно е, тешко е да се најде нешто побизарно, но за среќа на Пиплица, Котбус таа година избегна испаѓање и овој гол не го чинеше скапо.
Поранешниот репрезентативец на Босна и Херцеговина е апсолутна легенда на Енерџи Котбус. Тој дури 11 години стоеше на голот на овој клуб и одигра повеќе од 250 натпревари.
„Тоа беше луд човек, одиш кон него 1 на 1, а тој се фрла напред и ти ја зема топката“
Пиплица правеше разни акробации на натпревари, но знаеше и да брани неверојатни работи.
Поранешниот хрватски фудбалер Силвио Мариќ се присети на времето кога беше во тимот со Пиплица, кој неколку пати го оставаше без зборови.
„Пиплица беше кралот. Правеше неверојатни работи , а вие само гледате и се чудите“.
„Се сеќавам кога на чудесен начин ќе спречеше некоја шанса, а ние се смеевме и се прашувавме што прави. Пиплица беше голем човек, шегаџија… Јас бев дете и таквите ликови ги гледав како богови“, рече Мариќ.
Легендарниот голман од Бугојно ја заврши кариерата летото 2015 година во нисколигашот Ајленбург. Тој беше и во стручниот штаб на БиХ репрезентацијата во мандатот на Сафет Сушиќ, а како играч на БиХ забележа осум настапи.
Пиплица моментално е тренер на вториот тим на германскиот нисколигаш СпВг Бајројт, а во овој клуб ја извршува и функцијата спортски координатор.