Вардар 1961 не успеа да приреди изненадување, да направи чудо на гостувањето Веспрем, но барем достојно се збогува, одигра реми 31-31 во рамките на реванш осминафиналниот натпревар во Лигата на шампиони.

По елиминацијата, актуелниот македонски првак се врти кон домашните обврски.

Веспрем не дозволи да биде поразен на домашен терен, одигра уште подобро од Скопје, само во првото полувреме. Вардар само еднаш на почетокот, со 0-1, се обидуваше да парира беше на еден-два гола, а потоа целосно падна, одбрана беше разнишана. Со серија од 3-0, домаќинот поведе со 11-7, на одморот беше 16-11.

Во продолжение унгарскиот беше едноставно незапирлив, на средината на овој дел беше 23-18.

Но, малата опуштеност Вардар ја искористи пред самиот крај, изедначи на 29-29. Ненадиќ реализираше за 30-29, Оливие Њокас возврати, до крајот се играше гол за гол, на крајот ремито беше награда за упорноста.

Кај Вардар  Моралес со шест и Кевин Њокас со пет погодоци беа први стрелци, а голманите Томовски и Гогов собраа 15 одбрани.